Амди Бајрам купил плажа во Охрид?

Од:

Охриѓани стравуваат дека цела Шутка може да им дојде во Охрид. Тие велат оти слушнале дека луѓе блиски на пратеникот Амди Бајрам го купиле одморалиштето Магнус во Охрид, кое се наоѓа покрај самото Охридско езеро кај градската плажа. Велат дека немаат против никого но бараат од идниот сопственик да се погрижи за плажата пред одморалиштето но и за самиот објект.

„Се зборува дека го купиле овој простор луѓе блиски на Амди Бајрам. Но ако го купиле, но барем да се среди. Секоја ноќ ги има овде. Ќе дојдат ќе земат од контејнерите работи ги оставаат тука и преноќуваат. Стравуваме дека Шутка ќе се претвори“, овде рече Ванѓел Никодиновски.

„Се слушаат некои неофицијални муабети дека одморалиштето е купено од страна на Амди Бајрам. Како граѓани сме загрижени за ситуацијата бидејки со самото нивно доаѓање се нанесуваат големи количини на смет. Стравуваме дека можеби цела Шутка ќе биде овде во текот на летниот период“, рече Маријан Радески.

Ова е втора Шутка во Македонија велат за А1 жителите, според кои ниту државата ниту општината не се грижат за овој дел од Охридското езеро.

„Овде има депонии, горе има исто така депонии. До кога така? Од една страна бараме туристи, а од друга страна ги бркаме. Министерството за транспорт и врски само на хартија постои, а мерки не презема“, рече Димче Ѓорѓиоски жител.

Жителите самоиницијативно ги чистат плажите, но велат тоа не е доволно. Овој дел од Охрид е познат како градска плажа една од најпосетените во минатото , а денес е претворена само во обична депонија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски