Амбасадорот Дејвид Гир повика на вакцинација: Чувајте го имунитетот со дополнителни дози, јас денес одам по четврта доза

Од:

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир ги повика невакцинираните да се вакцинираат, а вакцинираните да примат дополнителна доза за да го одржат имунитетот за заштита од Ковид-19. Тој денес заедно со министерот за здравство Беким Сали ги промовираше возилата и фрижидерите за овозможување ладен синџир за дистрибуција на вакцини обезбедени со грант од ЕУ, а по настанот најави дека самиот ќе оди по четврта доза вакцина за заштита од Ковид-19.

„Гледаме дека пандемијата полека стивнува но тоа не значи дека треба да бидеме без грижа. Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, а ако сте вакцинирани чувајте го вашиот имунитет преку дополнителни дози. По овој настан, самиот одам во поликлиниката Букурешт за да примам четврта доза од вакцината“, рече амбасадорот Гир.

Министерот Сали рече дека на располагање имаме 350.000 дози вакцини со рок на траење до декември. Тој извести и дека веќе се стигнати 4 возила со товарен дел за транспорт на вакцините и 35 замрзнувачи до минус осумдесет степени обезбедени со грант од ЕУ, а во процедура за набавка од истиот грант се и уште едно возило, 50 лаптопи, 200 паравани и осум преносни фрижидери за вакциналните пунктови.

Лани пред да почне вакцинацијата кај нас, нашиот здравствен систем на располагање имаше два фрижидери за чување на вакцините на температура до – 80 степени отстапени од Клиниката за трансфузиологија и уште два обезбедени непосредно пред да стигне првата пратка вакцини.

Министерот Сали потврди дека интересот за вакцинација кај нас е намален. Неделно се аплицираат по околу 1000 вакцини, а сегашните залихи од 350.000 дози смета дека се сосема доволни за до крајот на годината. Обезбедени се преку донации од, како што рече, пријателски земји, односно 250 илјади од Италија и 101 илјада од Хрватска.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска