Амбасадорката на Германија Кристине Алтхаузер во посета на Гостивар

Од:

Амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер денеска остари официјална посета на Гостивар пришто заедно со домаќинот градоначалникот на општината Невзат Бејта посетија две основни училишта во кои се спроведуваат проекти финансиски помогнати од германската Амбасада.

Во училиштетото „Мустафа Ќемал Ататурк“  во Гостивар, амбасадата на Германија го финансираше опремувањето на две простории за деца со посебни потреби и логопедски тешкотии.

– Задоволство е што можевме да придонесеме во подобровувањето на условите во овие средини и осебено за децата со посебни потреби. А ова е резулатат на една тимска работа и меѓусебната доверба, изјави Кристине Алтхаузер, Амбасадор на СР Германија.

Градоначалникот Бејта во името на граѓаните на општината се заблагодари на амбасадорката и порача дека ова е само почеток на една соработка од која во иднина очекува да се остварат и покрупни проекти.

Денешната посета на гостиварско , Алтхаузер ја заврши во селото Чегране во училиштето „Прпарими“, каде со поддршка на германската Амбасада, локалната власт ја стави во употреба новата градинка за деца од предучилишна возраст.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица