Амбасадорката Агелер на проштална средба кај претседателката Сиљановска Давкова

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на проштална средба ја примила амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Како што информира Сиљановска Давкова преку објава на нејзиниот Фејсбук профил, обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање.

-Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот совет, оценувајќи го изборот како значаен чекор кон реформирање на ова важно правосудно тело. Во име на македонските граѓани ѝ се заблагодарив на амбасадорката за нејзиниот придонес во продлабочување на соработката и зацврстување на стратешкото партнерство, напиша Сиљановска Давкова.

Како што се посочува во објавата на претседателката, Агелер нагласила дека и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да ја помага земјата во којашто поминала значаен дел од кариерата.

-Таа истакна дека, и по заминувањето од Скопје, ќе продолжи да ја помага земјата во којашто поминала значаен дел од кариерата, за што ѝ се заблагодарив, посакувајќи ѝ понатамошни професионални успеси, напиша Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Политичката волја во ЕУ клучна за забрзување на проширувањето

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Милановиќ: Македонија во ЕУ не е „маратон“, туку „гладијаторска борба“ со нерамноправни услови

А1он

Сиљановска Давкова – Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он