Амбасадорите на Вишеградската група во Гостивар на одбележување на Денот на Европа

Од:

Тројца амбасадори на земјите од Вишеградската група денеска присуствуваа во Гостивар на одбележување на Денот на Европа – 9 Мај.

Амбасадорите на Чешка Мирослав Томан, на Полска Јацек Мултанопски и на Унгарија Ласло Дукс имаа средба со градоначалникот Арбен Таравари и разговарале за актуелната состојба во општината и можностите за продлабочување на постоечката соработка.

Домаќинот и тројцата гости присуствуваа на свеченоста организирана по повод Денот на Европа, во Центарот за култура АСНОМ каде ученици изведоа музичко-сценска програма.

Во поздравниот говор на градоначалникот Арбен Таравари се заблагодари на амбасадорите од Вишеградската група што редовно го избираат Гостивар за одбележување на најважниот ден на Европската унија и им честиташе на учениците за прекрасната програма специјално подготвена за овој ден.

Унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, во обраќањето нагласи дека приклучувањето на Вишеградската земји во ЕУ е успешна приказна и посака наскоро и Македонија да стане дел од големото европско семејство.

Амбасадорите во придружба на градоначалникот домаќин ги посетија штандовите подготвени од ученици од основните и средни училишта од општина Гостивар, на кои беа презентирани вредностите на земјите на ЕУ и дел од традицијата на гостиварскиот регион, вклучувајќи ги и традиционалните јадења со кои ги почестија амбасадорите.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он