Амбасада на САД: Собранието да оди напред и да се фокусира на потребните реформи

Од:

Собранието е важно да оди напред во својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ќе ги поддржат во насока на остварување на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, нагласи Амбасадата на САД во Скопје, коментирајќи ги последните случувања во врска со Законот за јазциите, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

Амбасадата потсетува дека премиерот Зоран Заев синоќа потврдил дека обврска и одговорност на Владата и на политичките лидери е да ги унапредуваат интересите на сите граѓани во земјата.

– Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот премиер Османи, на почетокот на оваа недела, потврди во Брисел, дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека законот е во согласност со европските стандарди, објави Амбасадата на САД.

Амбасадата нагласува дека помошникот државен секретар Вес Мичел изјавил во вторникот, за време на неговата посета на Скопје, дека Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија.

– Земјата има можност да оствари напредок кон членството во ЕУ и во НАТО, што мнозинството од сите граѓани го поддржуваат, додава Амбасадата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема бура во САД, се затвараат училишта и магистрали, се откажуваат летови

Горан Наумовски

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Кина ги престигна САД

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски