Амбасада на САД: Да се свика Собранието и да се се откажат изборите

Од:

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, за „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

– Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата, велат од амбасадата на САД.

Соединетите Американски Држави ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

– Во партнерство со ЕУ, посветени сме да помогнеме во решавањето на состојбата, меѓутоа решението бара јасна демонстрација на политичка волја, велат од амбасадата на САД во Македонија.

Би можело да ве интересира

Новите глобални царини на САД стапија на сила

Зеленски: САД да останат на страната на Украина

(ВИДЕО) Голема бура во САД, се затвараат училишта и магистрали, се откажуваат летови

Горан Наумовски

Техеран е подготвен да направи отстапки во замена за укинување на санкциите од САД

Кина ги престигна САД

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија