А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Амандманска блокада и на измените на Законот за јавнообвинителската служба

by А1он18/12/2019 - 08:37220
Share0

Со илјадници амандмани опозицијата денеска ќе се обиде да ги блокира измените и доплнувањата на Законот за јавнообвинителската служба со кои треба да се регулираат правата, должностите и одговорностите, како и системот на плати, додатоци и надоместоци на вработените во поранешното Специјално јавно обвинителство, како континуитет во работата по предметите што ги отвори.

Добивај вести на вибер

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ги поднесе амандманите, измените не можат да поминат бидејќи целта, спроед нив, била да се заобиколи законот за Јавно обвинителство и државниот обвинител да добие ингеренции кои не му следуваат, а поврзани со вработените во СЈО.

-Се додека постои голем сомнеж за сторен криминал, за незаконски земени награди и за злоупотреба на службената положба од страна на сите специјални јавни обвинители и голем број истражители и нивни соработници сметаме дека не треба да има било какво легализирање на тие сомнежи за незаконито работење. И затоа инсистираме, доколку собраниското мнозинство има искрена намера, да ја гласа нашата иницијатива за формирање анкетна комисија за увид во материјално-финансиското работење на СЈО, образложи пратеникот Антонијае Милошосоки.

Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека со измените на законот ќе се даде можност ЈО да ги потпишува сметките за струја, вода и одржување, за исплаќање плати на вработените во поранешното СЈО, како и за чување на материјалите.

Поднесените илјадници амандманни, според него, праќаат нечесна и недржавничка порака до граѓаните и правосудството.

– Тоа го блокира оној што има интерес од таквата работа. Треба сите да помогнеме на правосудството, и Парламентот и извршната власт, ако сакаме да го јакнеме, и вакви блокади не ни се потребни, истакна Заев.

Неклкумината пратенции кои ги предлагаат измените што денеска се на дневен ред на Комсијата за политички систем и односи меѓу заедниците, велат дека главна цел е пополнување правната празнина во однос на јавнообвинителските службеници во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. СЈО по истекот на неговито мандат згасна, а предметите што ги отвори ги презеде Јавното обвинителство на РСМ.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен