„Аман“ доби зелено светло од Собранието да собира потписи за враќање на евтината тарифа

Од:

Зелено светло во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за предлогот  граѓанското здружение „Аман“ за враќање на дневната евтина тарифа на струјата, преку измени  на Законот за енергетика.

Комисијата утврди дека о е собран потребниот број потписи и оттаму здружението може да започне со постапка за собирање  10.000 потписи за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика да биде ставен  на дневен ред во Собранието на Република Македонија.

Зорица Димовска, прв потписник на образецот , рече дека причина за иницирање на предлогот биле серијата поскапувања во изминатиов период и правилникот на Топлификација.

Со овој предлог, според „Аман“, е предвидена стратегија за  заштита на граѓаните  од постојаните поскапувања и монополската поставеност на произведувачите на електрична енергија.

Здружението „Аман“ сега, според Законот треба да поднесе петиција за собирање 10.000 потпис. Потписите , собрани според правилата, ќе бидат доставени до претседателот на Собранието и тогаш   предлог-законот ќе се најде пред пратениците.

Но ова не значи и дека ќе биде усвоен законот.

Слична беше судбината на Закон за бранители, кој како иницијатива на Достоинство влезе во процедура, се расправаше за него, но не беше изгласан. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ не се изјасни позитивно и не го прифати зЗаконот

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата