Алтхаузер: Германија е пријател на Македонија и ќе продолжи да ја поддржува

Од:

Германија е голем пријател на Македонија и стоиме подготвено да продолжиме во нашата поддршка, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер која присуствуваше на конференцијата за соработка меѓу Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

– Лично имам одлични професионални односи со претседателот, како и со другите политичари од оваа земја. Мојата работа во Берлин е високо ценета од министерот за надворешни работи и од канцеларот и сум во постојан контакт со власите во Берлин, изјави Алтхаузер одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека таа пренесувала невистините информации од Македонија до германското МНР.

Алтхаузер не коментираше повеќе, само сподели изрека „Колку повеќе непријатели, толку поголема чест за мене“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија