Алтернатива: Скендер Реџепи треба да го врати мандатот кој го добил во име на партијата

Од:

По вчерашното известување од пратеникот Скендер Реџепи дека од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, преку ова соопштение сакаме да објасниме дека оваа одлука е исклучиво лична одлука и не станува збор за никаков став кој што е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива велат од партијата во реакцијата на одлуката на Реџепи да дејствува како независен пратеник.

– Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор. Бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури од кои станал пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес се вели во соопштенеито од партијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов