„Ало докторе“ започнува со работа од понеделник

Од:

Со проектот на Владата „Ало докторе“, кој ќе започне од понеделник, граѓаните ќе можат со јавување на телефонскиот број 15-123 да се консултираат за определена здравствена состојба или симптоми што ги чуствуваат, истакна министерот за здравство Никола Тодоров пред кол-центарот, кој се наоѓа во Итната медицинска помош до поликлиника Букурешт.

– Во проектот што денеска го промовираме се вклучени доктори специјалисти со најмалку 10 години искуство што е различно од диспечерите кои се јавуваат во Итната медицинска помош кои што се општи лекари, а дел од специјалистите се и штотуку пензионирани доктори, истакна Тодоров.

Појасни дека во проектот се вклучуваат сите директори од скопските клиники и здравствените установо во градот кои што ќе работат по една смена во месецот во кол-центарот „Ало докторе“ по четири часа.

– Тоа значи дека секој ден од 18 до 22 часот ќе има по еден доктор, кој што е директор во некоја од клиниките, односно специјалист или доктор на науки со огромно искуство, кој ќе прима повици и ќе дава совети на граѓаните кои што сметаат дека имаат потреба да се јават на овој телефон, рече Тодоров.

Директорката на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ појасни дека преку овој број граѓаните од цела Македонија ќе можат да добијат соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, симптоматска терапија или пак повикот да биде препратен до итната медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски