Алкохолизиран битолчанец со секира демолирал стан

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Т.(45) од Битола за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 10.01.2013 година, во Битола на ул. „Цар Самоил“, пријавениот под дејство на алкохол, отишол пред станот на С.Б.(49) и без повод и причина со секира ги скршил стаклата од прозорците на станот, при што од парчињата стакло со телесни повреди се здобила ќерката на С.Б., Е.С.(31) од Битола која во моментот била присутна заедно со нејзините две малолетни деца.

По ова, на 14.01.2013 година, пријавениот ги пресретнал С.Б. и Е.С. и почнал да им упатува закани по животот, бидејќи С.Б. го пријавила настанот од пред неколку дена во полиција. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата