Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Од:

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата.

Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис.

– Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените контроли – несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследни известувања до Комисијата, недоставена целосна документација за продажба и трансфер, посочи Алиу.

Покрај досега спроведените контроли во 13 правни субјекти, Алиу најави контроли во сите 43 правни субјекти кои одгледуваат канабис за медицински цели.

Поради пропусти и можност за злоупотреби констататирани во постоечката законска регулатира, Алиу најави ново законско решение кое ќе биде донесено кога ќе завршат контролите во сите 43 правни субјекти.

– Детектиравме пропусти во законот и ќе имаме ново законско решение кое нема да може да се злоупотреби. Тоа ќе го оставиме на стручните лица, но ќе имаме законско решение кое ќе биде во согласност со ЕУ директивите и она што недостига на терен, рече Алиу.

Би можело да ве интересира

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години