Алиу: Лекарската комора ме извести дека му е истечена лиценцата на доктор Игор Кузмановски

Од:

Во телефонскиот разговор со Лекарската комора известен сум дека му е истечена лиценцата на доктор Игор Кузмановски. Прашањето е дали таа ќе се продолжи, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Кузмановски на 10 октомври е разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи.

– За продолжувањето и издавањето на лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот, ќе биде проверен до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип здравствени услуги давал. Баравме и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да пристапат и веројатно се веќе таму. Размислуваме да направиме нов модул кој ќе биде поврзан со лиценците и во моментот кога истекува лиценцата да се блокира акаунтот на тој доктор. Тоа произлезе од оваа ситуација, рече Алиу на денешната прес-конференција и додаде дека по извештајот ќе се формира стручна комисија.

Одговарајќи на новинарско прашање дали и на други директори на клиники им е истечена лиценца, Алиу рече дека таа матрица на податоци е јавна и нивниот центар за процесирање податоци во текот на денот ќе му даде извештај за тоа колку лиценци се при крај и колку се истечени.

Би можело да ве интересира

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

Граѓаните ќе можат да ја повлечат или променат одлуката за органодарителство

Алиу и Љутков без одговор дали остануваат министри: Преговорите за реконструкција на Владата се во тек

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Алиу: Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик

Алиу: Заштитата на здравјето е приоритет, законот против штетите од тутунот помина во прво читање

Горан Наумовски