Алити: Штетите во пожарот во зградата на АД „Македонска пошта“ се минимални

Од:

Штетите од вчерашниот пожар во главната зграда на АД „Македонска пошта“ – Скопје се минимални бидејќи не е оштетена сервер салата ниту архивата. Оштетени се покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат. Првиот кат не е оштетен.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на АД „Македонска пошта“ – Скопје, Рафиз Алити кој рече дека функционираат нормално и оти очекуваат денеска да се поврзе опремата за да функционира уплатата и исплатата, а пратките се сигурни.

– Засега не можеме да ја кажеме висината на штетата во пожарот. Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ – Скопје и денеска ќе се состане. Уште утре ќе се формира Комисија која ќе ги направи проценките за висината на штетата. Денеска истражните органи се во зградата и ги утврдуваат причините за пожарот, посочи Алити.

Пожарот, истакна тој, почна на вториот кат и претпоставуваме дека тоа било спој на електричните жици.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имале отворен тендер за осигурителна компанија, кој уште не е затворен, има клаузула во која стои дека секој кој ќе го добие ќе го надомести осигурувањето на зградата, кое важи од 1 јануари годинава. – Тој што ќе го добие треба да ја покрие штетата. На тендерот имавме четири-пет компании кои се заинтересирани, потенцира Алити.

Нагласи дека во шалтер салата имало и пари во железните каси, кои се уште не се отворени бидејќи трае истражната постапка.

– Очекуваме за четири до пет дена да се вратиме во зградата бидејќи сите канцеларии што ги користевме се во добра состојба, додаде Алити.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Најмалку 128 лица загинаа во големиот пожар во Хонг Конг

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски