Алими до Милошоски: Вие повикувавте на гасна комора за Албанците

Од:

И уште 100 години да живеете и да плачете од оваа говорница Албанците нема да ви веруваат, вас ве познава албанскиот народ, му порача пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими на Антонијо Милошоски.

– Јас кога имав 16 години вие повикувавте на гасна комора за Албанците, вие не сте демократ и албанскиот народ тоа го знае, рече Алими.

Во одбрана на својот сопартиец Милошоски, координаторот Илија Димовски изјави дека ДУИ се всушност тие кои им штетат на албанскиот народ.

– Начекавте партија со 49 пратеници па сега ќе ги уценувате, рече Димовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска