Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница, е ослободен.
Веста ја потврди неговиот адвокат Бесник Бериша.
„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот се повлече од барањето.
„Алил Демири сега е на слобода“, изјави неговиот адвокат Бесник Бериша.
Адвокатот Бериша и вчера беше убеден дека притворот и апсењето на Демир е извршено незаконски и претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права.
Бериша синоќа изјави дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е одлучено и одбиено од косовскиот суд во двата случаи.
„Алил Демири е незаконски уапсен и задржан во притвор, врз основа на наредба на интерпол за предмет кој веќе го води нашиот суд. Барањето на властите на РМВ за негова екстрадиција е веќе одлучено и одбиено од косовскиот суд во двата случаи.
Не може да биде екстрадиран во Северна Македонија и убеден сум дека утре ќе се врати кај семејството и пријателите“, рече Бериша.
Поради оваа причина, неговото апсење и приведување било погрешно и претставува незаконско дело. Тој треба да биде ослободен бидејќи секоја минута помината во притвор претставува флагрантно кршење на законските и уставните права на Алил Демир“, рече адвокатот Бериша.
„Тој е и останува невин за криминалот конструиран и извршен од тајните служби, а за кој зборуваше и самиот поранешен премиер на Северна Македонија“, заклучува Бериша.
Инаку, случајот „Монструм“ е познат во јавноста и е поврзан со петкратното убиство кај Смилковското езеро во април 2012 година, а за ова дело дел од шестмината обвинети се осудени на доживотен затвор, а дел на максимална казна.