Алијансата за позитивна Македонија го поддржува прогласот за здружување, организиран од страна на граѓанското движење Протестирам. Како либерална партија сметаме дека барањата на ова движење треба да бидат поддржани од сите граѓани, формални и неформални движења како и останатите политички партии, кои имаат за цел да се врати правната држава и завладее правдата и правото во земјата.
Воедно, Алијансата за позитивна Македонија како партија од либералниот центар со граѓанска опција, најстрого ги осудува вчерашните апсењата на граѓански активисти на протестот во Скопје, по одлуката на Претседателот Иванов за аболоција на обвинетите и потецентиалните обвинети за криминал од страна на СЈО. Апсењата на граѓански активисти, поддржувачи на пленуми и движења кои излегле на мирен протест, по одлуката, преставува чин на репресија и спречување на правото на протест.
АПМ ги повикува своите членови, но и сите останати слободоумни граѓани и граѓанки да излезат на мирни протести.
Уште еднаш потенцираме, дека Договорот на политичките партии од јуни и од јули 2015 година не е исполнет во целост, а особено не во најчувствителните и најзначајните делови за одржување на фер, демократски, веродостојни избори што на идниот парламент и влада треба им дадат полн легитимитет од страна на граѓаните за да ја водат државата. Поради тоа доколку се одржат избори на 5 јуни, тие нема да бидат фер, демократски и кредибилни кои се предуслов за европската перспектива на Македонија и поради тоа ги повикуваме сите граѓани, во вакви околности и услови да не излегуваат на избори.