Алијансата за Албанците: Намерата на руското МНР е создавање нестабилност и хаос

Од:

„Алијансата за Албанците” го осудува речникот кој во континуитет го генерира Руското МНР преку нејзините дипломати, кон земјите на Западен Балкан, особено на Македонија.

Веруваме дека намерата на Руското МНР е создавање нестабилност и хаос, на и онака тензичната ситуација, но и обид за одложувања на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан.

Посебен апел упатуваме до ВМРО-ДПМНЕ и нејзините “граѓански” марионети кои долго време се наведени во “игра” за дезинтеграција на земјата. Треба да се свестите дека Македонија е европска земја, со стратешката ориентација интеграцијата во НАТО и ЕУ преку почитување на демократските вредности и еднаквите права на сите заедници во Република Македонија, и тоа не може да биде поинаку освен како што е наведено во Извештаите на ЕК. Крајно време е да се воздржите од дневната политика и да и дадете предност на поширокиот интерес на граѓаните.

“Алијансата за Албанците” изразува загриженост во врска со фактот дека 12 годишното доцнење на процесот на интеграција на земјата, не беа доволни на оваа власт, па недостасуваше и предизвикување на вештачки протести со цел поттикнувањена меѓуетничка омраза и нетолеранција, која дополнително ќе ја загрози стабилноста на земјата и ќе го забави процесот за атерирање во евро-атланските структури“, се вели во соопштението на „Алијансата за Албанците”

Би можело да ве интересира

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството

Алијанса за Албанците: Децата веќе 44 дена без учебници, МОН го уништува образованието

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници