Алијанса за позитивна Македонија повкува на итно решавање на ситуацијата со запалената депонија во Струга

Од:

„Алијансата за позитивна Македонија, целосно е солидарна со граѓаните на Струга, Тетово и другите општини и региони во Македонија, кои имаат сериозни проблеми во остварувањето на основното право на човекот да живее во чиста и здрава средина.

Алијансата за позитивна Македонија апелира до локалната самоуправа на општина Струга, како и до повиканите национални институции, да веднаш започнат со акцијата за целосно гаснење на депонијата, да се забрани натамошно идно запалување, како и истата да се конзервира.

Прашањето на депонијата во Струга, треба под итно стратешки, долгорочно и одржливо да се реши, истата во најкраток рок се дислоцира од тоа место, кое сега е во непосредна близина на повеќе населени места, како и до еден од главните туристички центри во Македонија – градот Струга.

Алијансата за позитивна Македонија смета дека за приближување кон ЕУ, Република Македонија треба да пристапи кон воспоставување на интегрирани систем за управување со отпад, да се зголеми степенот на капитални инвестиции во областа на животната средина, особено за третман на отпадни води и управување со отпад, како и да и се зајакнат административните структури потребни за обезбедување на ефикасно управување со животната средина“ се вели во соопштението на Алијаса за позитивна Македонија.

Би можело да ве интересира

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага