Алијанса за Албанците: Зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ се заштитени како ,,бели мечки” !

Од:

Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција, случајот за кој вие сте осомничени е наречен “Пациент“, исто како и називите ,,Рекет” , Империја, Маѓар Телеком, Титаник, Тврдина, итн. и ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание за да се постаупа и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот согласно Законот за специјалното јавно обвинителство?, прашуваат од Алијанса на Албанците во писмена реакција.

„И прашањето е, што зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција?

Вашиот политички субјект – ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем.

На јавноста и се свежи сеќавањата дека како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазедовте Судот, Главниот обвинител, и оваа инсталација направи да инкриминирани функционери бидат заштитени од криминалот, и за жал тоа навистина се случува затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или пак нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери.

Значи, ова е вистината зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал и се недостапни од правната држава, моќ која за жал за функционерите на ДУИ не постои.

И, на крајот, да одговориме на вашиот цинизам: без разлика дали сме мала или голема опозициска партија, бидете трпеливи до денот на парламентарните избори, од кои вашиот субјект се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството

Алијанса за Албанците: Децата веќе 44 дена без учебници, МОН го уништува образованието

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници