Поминаа шест месеци од формирањето на Владата и ветувањето од сите функционери на коалицијата ВРЕДИ дека во овој период ќе се направат уставните измени и земјата ќе отвори разговори со Европската унија. Слушнавме и ветувања од типот дека „ние сме доследни“ и дека ќе ја преиспитаме позицијата во Владата доколку во рок од 6 месеци не се направат уставните измени, велат од Алијанса за Албанците.
„Граѓаните се сведоци дека експонентите на ВРЕДИ досега прекршија многу ветувања и не исполнија ниту едно. Но, овој пат ги повикуваме да држат едно единствено ветување за да немаат нови случаи каде што ќе бидат принудени да прекршуваат ветувања. Ги повикуваме да се уверат дека како резултат на недостатокот на легитимитет, немаат политичка тежина во таа Влада, ниту пак некој ги прашува за нешто.
Покрај нивниот авторитет кој е паднат на најниско ниво, со нивниот понатамошен престој во Владата, ВРЕДУ го загрозува достоинството и иднината на граѓаните и само го одржува во живот антиалбанскиот и антиевропскиот проект на нивните господари. Бидете одговорни еднаш, држете го барем ова ветување и искористете ја последната шанса да го зачувате лицето само еднаш! Ви ветуваме дека нема да влеземе во таа Влада како што влеговте вие, туку остануваме на ставот за предвремени избори и сериозни услови за иднината на државата и граѓаните“, велат од партијата.
– Алијанса за Албанците –