Алијанса за Албанците: На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира ова бегство?

Од:

По последните информации за тоа дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Будимпешта, Алијансата за Албанците го повика Министерството за внатрешни работи, што поскоро да излезе со официјално соопштение со кое ќе ги потврди или демантира пласираните информации во јавноста.

„Владата и МВР да водат сметка и сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите граѓани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата на Република Македонија и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за ова бегство?“, стои во соопштението на Алијанса за Албанците.

Оттаму додаваа дека Владата треба да преземе одговорност за овој скандал што сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото, што со последните случувања ја поткопува еднаш засекогаш надежта на обичниот граѓанин на РМ дека еден ден ќе има правда во оваа држава, велат од Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници