„Важно е да се спроведе волјата на мнозинството на електоратот, кои јасно посочија дека се заинтересирани за суштински реформи и нов пристап кон целосна рамноправност, социјален напредок и кон постигнување на стратешките цели, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Во однос на 15-те приоритетни принципи утврдени од страна на СДСМ, „Алијансата за Албанците”, смета дека албанските политички партии во владината проширена програма ќе бидат внимателни за да се опфатат сите точки кои се со посебен национален и граѓански интерес“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.