Алијанса за Албанците: Прославата на Велигден во Бигорски претставува скандал и кршење на сите мерки

Од:

Алијанса за Албанците по повод велигденскиот празник испрати честитка до секој православен верник што денеска слави со надеж мирот и здравјето да бидат присутни во секое семејство.

Сепак, велат од Партијата, славењето на овој празник не треба да претставува потенцијален ризик за ширење на вирусот „Ковид 19“, затоа Владата требаше да преземе конкретни мерки.

– Ние ја разбираме желбата на сите да ја практикуваат религија како што сакаат, но кога станува збор за јавното здравје, на сите нас останува да ги жртвуваме нашите желби за доброто на сите. Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот. Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните, велат преку соопштение од Алијанса за Албанците.

„Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеле маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на Ковид 19. Итно бараме надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка, за организаторите и учесниците. За нас е неприфатливо како политички субјект, и во ваква ситуација државата да користи двојни стандарди, кога пред неколку дена полицијата во информативен разговор покани десетици жители од населбата Сингилиќ кои протестираа во текот на полицискиот час и истите може да завршат дури и со кривични постапки, додека синоќа дозволи или не спречи собирање на стотици православни верници на церемонијата што се одржа по повод Велигден.

Треба да се има предвид дека секаков вид собирање од која било природа е поттик на граѓаните да ги занемарат мерките.

Денес, животот на граѓаните и нивното здравје е поважен од сè друго, така што секој што го загрозува јавното здравје мора да сноси морална и кривична одговорност без разлика на религијата и националноста. Додека пак владините институции имаат најголема одговорност да ги заштитат граѓаните од ширењето и инфекцијата со „Ковид 19“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика