Алијанса за Албанците: Електронски свидителства само на македонски, Албанците се должни да плаќаат

Од:

Алијанса за Албанците реагира на предизвиците што ги очекуваат наставниците во однос на пополнувањето на свидителствата по електронски пат кадешто наидуваат на проблеми од различни форми.

– Од една страна, родителите кои со право се жалат зошто треба да плаќаат 80 денари за пополнување на свидителствата, а според законот тоа не е потребно, од друга страна МОН не ги исполнува своите обврски. Иако во електронскиот дневник има можност да се пополни свидителството, тоа е само на македонски, а не и на албански јазик. Ние како Алијанса прашуваме – до кога наставниците Албанци ќе бидат дискриминирани и деградирани како неспособни и принудени да бараат пари од учениците или сами да си ги плаќаат свидителствата, а наставниците Македонци само со притиснување на копчето „печати“ да им се испечати свидителството велат од партијата.

Додека госпоѓата Царовска беше министерка велат од Алијанса вакво нешто можеше да се очекува, но, кога министерот и заменик-министерот се Албанци, тоа не бара дополнителни коментари.

– Ако се жалите дека немате експерти од областа на ИТ или преведувачи, како и секогаш ќе ви помогнеме со нашите експерти, но, признајте дека не сте во можност да управувате и да го имплементирате албанскиот јазик како официјален јазик за кој едвај ве убедивме да гласате кога го условивме ова прашање во Собранието порачаа од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса: Албанците првпат ќе водат само четири министерства во владата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Шокиран сум од мешањето на ДУИ и СДСМ во случувањата во Алијанса

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

АА: Демири и Бајрами за министри за здравство и информатичко општество и администрација

Горан Наумовски

Таравари: Фрлениот куршум има јасна заканувачка мафијашка порака, но не можете да замолчите, убивате, запрете народ

Предраг Петровиќ

Куршум пред вратата на домот на Таравари, физички напад врз Небиу – гори конфликтот во Алијанса за Албанците

Анита Петровска Рајковиќ