Алијанса за Албанците: Дивоградбите во Струга се прават со амин на градоначалникот

Од:

Од Алијанса за Албанците велат дека институциите се алатка за криминал на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

„Арогантното и неодговорното однесување на градоначалникот на Струга, уште еднаш покажа дека дивите градби во Струга се прават со знаење, амин и згора на тоа и со негово стимулирање. Повеќето од тие што градат околу езерото и не само, ги кажуваат истите зборови: „Се договоривме со Рамиз“. На овој уништувач на секоја вредност и богатство на граѓаните на Струга, не му е местото таму“, пишува во соопштението од Алијанса за Албанците.

Тие ја повикуваат полицијата, Обвинителството, Судот и Владата, да преземат мерки се додека не стане предоцна.

„Нашето богатство се уништува и узурпира. Додека организираниот криминал цвета на секој агол на Струга“, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања