Алијанса за Албанците: Децата веќе 44 дена без учебници, МОН го уништува образованието

Од:

„Овде сме пред Министерството за образование, кое всушност треба да се вика Министерство за уништување, за да бараме отчет за книгите што недостигаат од училиштето од 1 септември до денес, 14 октомври. Замислете! 44 дена откако децата одат на училиште, а книги нема! Ситуацијата во училниците е хаотична! Вознемирени наставници кои трчаат со листови од фотокопирница до фотокопирница, некои фотокопирани учебници кои тежат колку што е забрането со закон децата да носат, лошо преведени текстови, немање вистинска настава…а што е со децата?! Учениците?! Наставниците се жалат дека е зголемено насилството во училиштата! Зголемена е злоупотребата на дрога од страна на малолетници! Скандалозни видеа снимени од децата! И нормално е дека во анскиозно училиште, со празни чанти, има повеќе шанси да има мобилни, ножеви, цигари, а неретко и дрога!“ реагираат од Алијанса за Албанците.

„Се појавува министерот и ни вели дека книгите, внимавајте, дел од книгите ќе излезат на крајот на октомври или почетокот на ноември, како да зборува за рок концерт или временска прогноза! Исто како гатачи кои гледаат филџани, министерот зборува за образовните науки!
Не, господине министер, филџан за кафе не е училиштето на нашите деца! Го правите најголемото злосторство што можете да му го направите на едно општество во време на мир!“, посочува Арбен Зеќири, портпарол на партијата.

Зеќири со порака до министерот за образование дека секој час, секој ден и секој месец е негов придонес и на неговото министерство за, како што вели, незнаењето на децата!

„Министерот со жалење ни вели дека проблемот со учебниците е стар. Да! Знаеме! Но, потсетуваме дека има постојани избори токму за решавање на старите проблеми! Вие, господине министре, веројатно не сте причина за овие проблеми, но сигурно сте еден од оние кои го продлабочуваат проблемот! Платата ја земате од даноците на народот, а народот не сака некаков цицерон облечен во костум кој кажува колку е стар проблемот со книгите!!!
Потребен е министер кој платата и функцијата ја оправдува со обезбедување квалитетни и навремени учебници!
Вина и понижување кон децата е да се молчи пред овој скандал што се случува пред нашите очи!
Предупредуваме дека ќе ве погоди и вас незнаењето што го садите во училишните клупи!
Идниот лекар ќе биде половичен бидејќи веќе е 44 дена без учебници! Идниот архитект ќе биде половичен бидејќи за да ја заврши програмата навреме, министерството му наредило на неговиот наставник да ја помине иако без книги, а тоа е без знаење!
Јазиците на оваа земја ќе се зборуваат и учат лошо бидејќи квалитетот на книгите е лош, а под квалитет не мислиме на убавината на бојата на хартијата туку на содржината на текстот!
Со недостиг на книги практично ги затворивте училиштата господине министер, а велат кој затвора училиште-отвора затворска врата!
Училиштата за кои особено ние Албанците толку се боревме се нивно апсолутно право и ниту имате право ниту можете да го негирате!

Од министерството ги имаме следниве опции:

1. Учебници полни со грешки
2. Половни учебници
3. Фотокопирани листови
4. Воопшто нема учебници
Сега му ги даваме овие опции на министерот:
1. Печатете соодветни учебници
2. Печатете што е можно поскоро
3. Со среќа работата
4. Или имајте добар одмор и нека дојде некој што сака и знае да ја работи оваа работа

Ви благодариме што сте тука! АА нема да молчи додека не се реши работата на Образованието и ги поканува сите фактори на општеството, останатите други партии, организации, амбасади, медиуми од секое ниво, да се обединат додека да добиеме добри учебници за нашите деца!“, се истакнува од страна на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски

Зиадин Села едногласно е избран за претседател на Собранието на Алијанса за Албанците

Алијансата за Албанците предлага антикризни мерки во здравството

Алијанса за Албанците: Злоупотребата и партизацијата на институциите од страна на ДУИ ги преминува сите граници

Алијанса за Албанците до Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ меѓу нас нема да најде вазален партнер каков што го имаше некогаш ДУИ

Горан Наумовски