Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Од:

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари оценува дека коалицијата ВМРО-ВЛЕН-ЛЕВИЦА го спроведува проектот „Безбеден град“ селективно, со што, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците и се создава економски товар за граѓаните преку, како што наведуваат, непропорционални казни.

Од ова крило на партијата сметаат дека начинот на имплементација на проектот отвора сериозни правни, социјални и уставни прашања и негативно влијае врз секојдневието и благосостојбата на граѓаните.

„Официјалната комуникација со граѓаните, вклучително и известувањата и санкциите што произлегуваат од проектот ‘Безбеден град’, се спроведува без целосно почитување на јазичните права на граѓаните Албанци, што претставува кршење на законските и уставните принципи“, соопштуваат од таборот на Арбен Таравари.

Оттаму бараат преиспитување на висината на казните и на прагот на толеранција при санкционирањето, со цел, како што наведуваат, безбедноста во сообраќајот да не претставува дополнителен економски товар за граѓаните.

Според нив, селективната примена на проектот само во одредени градови е неправедна и дискриминаторска. Поради тоа, најавуваат дека ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за прекршоци, со цел заштита на правата на граѓаните и обезбедување еднаквост пред законот.

Би можело да ве интересира

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

А1он

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење