Алфите во август привеле 256 лица

Од:

Припадниците на Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на август годинава при вршење редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на 816 лица, преглед на 95 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 256 лица

.
– По основ на телеграма приведени се 22 лица, по потраги, гласник, наредба од Основен суд – 25 лица, под сомнение за извршено кривично дело 62 лица, по извршено кривично дело – девет лица, на лице место во вршење кривично дело 18 лица, за издржување казна затвор – 13 лица, за утврдување идентитет – 11 лица, се вели во соопштението од МВР.

Вкупно се приведени осум лица за нарушување јавен ред и мир, две лица кај кои е најдено оружје, 29 лица за поседување опојни дроги, 45 лица со патничко моторно возило и 12 лица со товарно моторно возило.

Во соопштението од МВР се наведува дека се извршени вкупно 33 асистенции при вршење претрес на дом и други простории, додека 14 лица се предадени на сообраќајна патрола.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби