Алексовски: Во 2017 нови проекти за развој на општина Крива Паланка

Од:

Градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски за следната година најавува нови проекти за развој на општината, меѓу кои дорегулација на Белевски дол, која веќе е отпочната, развој на Калин Камен како туристички центар, обнова на двете сали за седници и состаноци…

На новогодишната средба што синоќа ја организираше општината Алексовски ја оцени 2016 година како плодна и успешна, со реализирани значајни инфраструктурни проекти.

– Сведоци сте дека во изминатите неколку години видно се вложува во изградбата на општината, продолжуваме со изградбата на нови инфраструктурни објекти, а изградивме и места кои видно го разубавуваат градот. Големо внимание посветивме во надградување на градската култура на живеење, а и во вградувањето на културата како обележје на општината, преку разни културни манифестации. Посветивме посебно внимание и на спортот и образованието како клучни чинители во образованието и развојот на здрава млада популација. Правиме огромни напори за привлекување инвеститори и отварање на нови работни места, или со еден збор кажано се стремиме за подобар и поквалитетен живот на сите нас, изјави Алексовски.

Според него, во 2016 се реализирале градежните активности кои ги најавил. Дел од релизираните проекти кои ги наброја се локален пат во село Варовиште од мотел Македонија до манастирот 2Св. Јоаким Оосоговски“, локален пат во село Жидилово, пристапен пат во село Кркља до Езерце Калин Камен, како и проектот водоснабдување на Крива Паланка висока зона лев брег, пешачката патека во минор коритото на Крива Река и санираното свлечиште во населбата Маневци.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски