Алексовски: Паљо го навредуваше Талески, а сега го поддржува

Од:

Златко Алексовски од здружената опозиција денеска обвини дека актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески кој како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ влезе во вториот круг во трката за истата функција, се служел со валкана кампања.

– За вториот круг, поддршка му дава Зоран Лазаровски – Паљо, кој на својот фејсбук за Талески, меѓудругото има објавено „Е Владе Владе, на Битола ништо ниту му пружи, ниту му даде. Со двете раце грабаш, жедно и земаш од народот кој живее бедно. Сега дури ми е јасно, зошто е Битола толку уништена, а битолчани толку несреќни. Талески патолошки лажи и си верува во своите лаги – изјави во Битола, Алексовски.

Тој јавно го праша Талески како можел да ги голтне сите овие навреди и да ја прифати поддршката од Паљо.

– Дали со ова се потврдија гласините, дека Паљо беше сателит на Талески и беше дел од скоро совршениот систем за манипулација на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Алексовски кој додаде дека ова е само уште една во низата циркуски претстави, што ги приредила оваа власт.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?