Алексоски: Ќе се залагаме за поквалитетен живот во Тетово

Од:

Носителот на листата за советници во општина Тетово од коалицијата предводена од СДСМ Жика Алексоски, својата прес-конференција на почетокот од предизборната кампања ја одржа кај споменикот на револуцијата во центарот на градот.

Тој посочи дека заедно со другите членови на советот од листата што ја предводи ќе се залагаат за функционална и продуктивна соработка со идниот градоначалник се со цел да се овозможи поквалитетен живот во градот и конечна реализација на долгоочекуваните проекти и решенија на локално ниво.

– Ова не се само локални избори. ова се избори за иднината на Македонија. ова се избори на кои ќе се реши дали ќе продолжиме на патот кон ЕУ и НАТО или ќе останеме несигурни и изолирани како држава. Сепак темите со кои секојдневно живееме и проблемите со кои се соочуваме нема да гои одложувме туку напротив со целосна подршка од Владата ќе се впуштиме во нивно решавање. Ја имаме можноста да направиме промена за подобро утре и заедно да придонесеме за квалитетот на нашиот живот. Чистиот воздух да не биде луксуз што го имаме само неколку денови од годината . да нема недостиг на чиста вода за пиење, безбедни улици, бе зсообраќаен метеж во центарот на градот, поголем број паркинг места и друго рече Алексоски.

Во рамките на денешните активности тој заедно со дел од останатите кандидати за советници ги посетија канцелариите од друштвата на глуви и наглуви како и на слепи лица во Тетово, присуствуваа на отворањето на месниот штаб на СДСМ кај печатницата во градот а за вечерва имаат планирано средби со жителите на населбата Поток.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

СДСМ: ЕУ усвои нови правила за депортација на мигранти во трети земји

СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио