Александрова: СЈО се обидува да го легализира криминалот на Заев

Од:

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СЈО била институција која работи за Заев и СДСМ и дека сакале да го легализираат криминалот на Заев и Верушевски кои со останатите обвинети во случајот Пуч незаконски следеле телефонски разговори и потоа ги ваделе од контекстс и монтирале за да креираат хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече таа, СЈО и СДСМ сега вршеле притисоци овие незаконски снимени и монтирани разговори да бидат прифатени како доказ во политички мотивираниот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери.

– Зоран Заев изврши низа криминални дела за кои согласно Устав и закон треба да одговара. Заев беше спасен од одговорност од СЈО, кое неколкукратно го прекрши законот само за да го амнестира за сторениот криминал по втор пат. Барањето на СЈО за прифаќање на нелегално прислушкуваните и монтирани разговори кои Заев нелегално ги објавуваше, е срамно и без никаква правна логика. Тоа е обид за покривање на антидржавното делување на Заев повеќе од две ипол години. Политичкиот притисок за истото барање на СЈО да биде прифатено од страна на Апелациониот суд беше огромен и со истиот судот беше принуден да донесе нелогична одлука, со сомнително образложение кое е незаконско и крајно неаргументирано, спротивно на член 12 став 2 од законот за кривична постапка. Истото е ноторен пример за целта на СЈО да го легализира криминалот на Заев, рече Александрова.

Според неа легализацијата на криминалите на Заев, за СЈО била уште еден инструмент во крајната цел за неосновано политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери во очите на јавноста, па затоа без логично образложение, под политички притисок биле одземени и патните исправи на дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, за да се создаде негативна слика во очите на јавноста.

– Барањата за одземање на патните исправи беа целосно неосновани и без соодветна аргументација, истите не беа со цел да се задоволи правото, туку желбата за политички прогон на поедини личности кои застанале во одбрана на Република Македонија, нејзините државни и национални интереси. СЈО и институциите под контрола и влијание на СДС кои работат надвор од законот, односно прекршувајќи го истиот со цел исполнување на политичките нарачки на одредени лица треба да знаат дека за своите нелегални активности и одлуки ќе бидат санкционирани веднаш по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и повторното воспоставување на правната држава и владеењето на правото во институциите. Сите криминалци и прекршители на законот ќе одговараат. За криминалите и антидржавните дејствија кон државата и нејзините граѓани мора да има соодветни санкции, рече Александрова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија