Александар Петрески од вечерва и официјално кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид

Од:

На општинска конференција вечерва со почеток во 21 часот, Општинската организација на СДСМ во Охрид треба само да ја потврди вчерашната одлука на централата во Скопје, на актуениот градоначалник Александар Петрески да му биде дадена трета шанса и уште еднаш да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид.

Петрески успеа да победи во внатрепартиската трка во СДСМ, каде против-кандидати му беа претседателот на општинската организација во Охрид, Науме Јоановски и секретарот на партијата Ѓоко Танаскоски.

Петрески во изминатиов период играше топло-ладно кога беше во прашање неговата повторна кандидатура. Најпрво велеше дека нема да се кандидира, потоа дека е премногу рано да се зборува за тоа, па дека му треба здравје и спокој, за на крај да каже ако сака неговата партија, тој повторно ќе се кандидира.

За сега нема коментар од коалиционите партнери на СДСМ, ЛДП и ВМРО Народна околу изборот на Петрески за нивен кандидат, но она што се шпекулира е дека во коалицијата постоело тивко незадоволство, не од изборот на Петрески, туку затоа што СДСМ наводно не ги консултирал околу тоа кој да биде заеднички кандидат во Охрид, и затоа што првичниот договор било, одлуката за Охрид да биде донесена наесен.

А од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со критиките на адреса на Петрески. Од таму велат Петрески бил срам за Охрид и не го заслужувал името Градоначалник.

„Одговорете господине Петрески кој тоа е виновен за скандалозната и криминалната поделба на паркинзите во Охрид?

– Одговорете господине Петрески дали на половина од годината заклучно со 30.06.2012 ја испразнивте ставката за јавна чистота од Буџетот? Одговори Петрески кому и зошто му ги префрливте сите 14 милиони денари од годишната ставка за јавна чистота само за 6 месеци ? Скандал од невидени размери! Како и во изминативе 8 година, од плачко и лажго, нормално не ни очекуваме одговор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа