Александар Митовски од „Инфомакс“ обвинет за оддавање службена тајна

Од:

Александар Митовски, сопственик на порталот „Инфомакс“ е обвинет за оддавање службена тајна, бидејќи го објави исказот на бизнисменот Орце Камчев даден пред Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.  Обвинителството ќе испитува и кој му го дал документот на Митовски, а доколку се утврди тоа, и за него ќе биде поведена кривична постапка.

„Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка“, стои во соопштението на обвинителството.

„Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази“, се вели во соопштението на обвинителството.

На текстот, во кој е објавена првата страница од исказот на Камчев за истрагата на случајот „Рекет“,  каде тој прецизно опишува како Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец му барале пари за ослободување од обвинение за случајот „Империја“ е потпишан Александар Митовски. Во текстот се споменуваат и имиња на високи функционери.

Веб-порталот „Инфомакс“ нема јасно објавена транспарентна сопственичка структура, односно нема импресум на својата веб-страница.

Основач на порталот, според Македонско-академската истражувачка мрежа (МАРНЕТ) е Друштвото за истражување, анализа и маркетинг ЦИА ДООЕЛ Скопје, каде основач и управител е Александар Митовски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов