А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Албанското министерство за култура нема пари за проекти на македонските друштва

by А1он21/02/2017 - 18:52101
Share0

Како и изминатите години и годинава,Министерството за култура на Албанија не прифати ни еден проект на македонските друштва.

Добивај вести на вибер

Ова преку соопштение го потврдуваат од македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, кои аплицирале со проект за одржување фолклорен фестивал на Македонците во Албанија.

– Воопшто не сме задоволни од односот на Министертвото за култура. Таму не сакаат ниту да слушнат за нашите проекти. Со години наназад, а и оваа година нема ниту пара за доставните проекти од асоцијациите на Македонците. Доставуваме проекти, но тие не се прифаќаат,цстои во соопштението.

Македонците, се наведува понатаму, имаат потреба од поддршка на нивните проекти кои се однесуваат на негување на традициите, обичаите и културата.

– Владата треба да има предвид дека и Македонците во Албанија, треба да добиваат проекти, зашто се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци, но пари за нивни културни активности нема. За разлика од Албанија во Македонија многу активности на Албанците се финансиски подржани, констатира „Илинден“.

Инаку, повикот објавен од Министертвото за култура на 1 декември лани траел до 13 јануари. Доставени биле 230 проекти од културата, уметноста и културното наследство, а избрани се 127, меѓу нив ни еден на македонските друштва.

albanija

Би можело да ве интересира

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он03/09/2025 - 20:29

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 19:27

(ВИДЕО)Трамп: Ги помирив „Абербајџан“ и Албанија

Предраг Петровиќ20/08/2025 - 22:50

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

Горан Наумовски14/08/2025 - 22:15

(ВИДЕО) „Бајрактар“ во Албанија сними намерно подметнување на пожар

Горан Наумовски12/08/2025 - 13:50

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Горан Наумовски27/07/2025 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен