Aлбанско знаме на Самoиловата тврдина во Охрид

Од:

Во саботата нешто после 13:30 часот во Полициската станица во Охрид, А.С.(1985) од Охрид, вработен како продавач на билети во Самоиловите Тврдини, пријавил дека забележал непознато машко лице на возраст од дваесеттина години, облечен во црна јакна и темни фармерки со ногавиците пикнати во високи црни чизми, со кратка црна коса, како на метален столб поставил албанско знаме.

Откако А.С. случајот го пријавил во полиција, лицето го оставило знамето и побегнало кон. „Плаошник“, по што пријавителот го извадил знамето и го оставил во билетарницата.

Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, со записник знамето е подигнато и донесено во СВР Охрид, од каде се преземени мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум