Албанскиот претседател се сретна со Али Ахмети и порача дека Албанците се одлучувачки фактор во Македонија

Од:

За време на вчерашната еднодневна посета на Охрид, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Во објава на социјалните мрежи, претседателот Бегај го пофали придонесот на Албанците во Северна Македонија како одлучувачки фактор во процесите на градење на државата и во поддршката на евроатлантскиот курс на земјата.

-Секогаш е задоволство да се сретнеме и да споделиме мислења со Али Ахмети. Албанците во Северна Македонија се одлучувачки фактор во градењето на државата и непоколебливи поддржувачи на евроатлантскиот пат на земјата, секогаш демонстрирајќи посветеност на мирот, стабилноста, соживотот и демократските вредности, напиша претседателот Бегај.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски