Албанскиот претседател меѓу Македонците во Пустец

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета денеска престојуваше во Пустец, Мала Преспа, или како што секогаш знае да каже, „меѓу прекрасната македонска заедница“.

Повод за престојот е официјачниот почеток на туристичката сезона во општина Пустец, каде, покрај брегот на Преспанското Езеро, има девет села населени со етнички Македонци.

– Заедно со локалните власти ја отвориме туристичката сезона во општина Пустец. Ги повикувам домашните и странските туристи да дојдат и да се запознаат со природните убавини во оваа област, посебно Преспанско Езеро, извонредната гостопримливост и традционалните јадења. Воодушевува црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град. И посакувам успешна туристичка сезона на општина Пустец, каде одлучив дел од летниот одмор да го минам и јас, напиша Мета.

Домаќини на шефот на албанската држава беа претседателот на македонското друштво „Сонце“ Васил Стерјовски, потпретседателот на македонската партија МАЕИ, отец Алексо Темелко и претставници на локалната власт.

По прошетката со чамец по Преспанско езеро, ја посетија црквата на островот Мали Град, како и црквата „Свети Архангел Михаил“ во центарот на Пустец.

Мета мина пријатни мигови и во разговор со најмладите Малопреспанци.

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он