А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Албанскиот колега Ручи му го честита на Талат Џафери изборот за претседател на Собранието

by А1он21/08/2020 - 21:1422/08/2020 - 08:06558
Share0

Претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, му го честиташе повторниот избор за спикер на Собранието на Република Северна Македонија на Талат Џафери, оценувајќи дека тоа е потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Република Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ви упатувам најсрдечни честитки по повод вашиот реизбор, од мое лично и од име на Собранието на Република Албанија. Вашиот реизбор претставува потврда за зрелоста и еманципацијата на албанската политичка елита во Северна Македонија и нејзината одговорност за консолидација на демократијата, изградбата на праведно општество, економски и општествен развој и забрзување на евроатланските интегративни процеси на Северна Македонија,“ стои во честитката од Ручи.

Тој изразува увереност дека зголемувањето и зајакнувањето на политичката застапеност ќе служат за подобрување на благосостојбата и поттикнување на проширување на вклученоста на Албанците на сите нивоа и институции во нашата земја.

„Исто така, убеден сум дека многу успешната соработка помеѓу Собранието на Република Албанија и Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи многу наскоро и со задоволство ве поканувам во официјална посета на Албанија, што е можно поскоро и во согласност со вашата агенда,“ наведува Ручи во честиката до Џафери за неговиот реизбор.

Следете a1on на Youtube YouTube

Џафери во посета на Албанија беше на 17 февруари минатата година, во рамки на разгледувањето на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во албанскиот Парламент. Тој тогаш имаше средба со неговиот колега Ручи, а учествуваше и на пленарната седница на албанскиот Парламент, на која беше ратификуван Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

sobranietalat dzaferi

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:13

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 12:2319/10/2026 - 14:17

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он14/10/2026 - 20:33

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео