Албанскиот амбасадор Фатос Река во посета на Гостивар

Од:

Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река при неговата посета на Гостивар оставари работна средба со градоначалникот Арбен Таравари, со кој разговарале за соработка на повеќе нивоа.

Таравари напомена дека на средбата најмногу се разговарало за можноста да се реализираат проекти помеѓу општините од Албанија и Македонија, а пред се за Гостивар.

Амбасадорот Река ги поздрави напорите на локалната самоуправа да се обезбедат средства за проекти преку меѓународна соработка и потенцираше дека идејата е добра.

– Од градоначалникот слушнав за плановите и проектите кои треба да се реализираат. Искажав подоготвеност за соработка и поддршка, особено во делот на реализација на проекти финасирани од европските фондови. Сугерирав дека тоа полесно ќе се оствари, ако се аплицира со проектите кои ја имаат компонентната на меѓугранична соработка, рече Река.

Таравари напомена дека од пред неколку денови, остварил средба со негови колеги од регионот со кои се договориле да имаат соработка во иднина.

– Нашата општина од скоро стана дел од унијата на општини кои ги раководат албанци како Тирана, Тетово, Улцин, Прешево, Приштина, Призрен. На последниот состанок разговаравме за идните чекори на соработка и особено за проекти во кои ќе може заеднички да се аплицира, а ќе бидат од корист за локалното население, рече Таравари.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли