Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство

Од:

Поради обид за убиство од 2016 година, во Полициското одделение од општа надлежност Делчево приведена е А.О. (30) од Република Албанија.

Приведената чие место на живеење е делчевското село Тработивиште, како што соопштија, од полицијата е приведена синоќа во 02:15 минути по полноќ.

– На 11 октомври 2021 во 02:15 часот од полициски службеници од Полициската станица Делчево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, лишена од слобода била А.О.(30) од Република Албанија, а со место на живеење во село Тработивиште, делчевско. А.О. кривичното дело го сторила во 2016 година, информираат од полицијата.

Лицето А.О. се товари врз основа на чл.123, а во врска со чл.19 од Кривичниот законик.

Триесетгодишната Албанка била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина