Албанија подготвена да и помогне на Македонија

Од:

Албанскиот државен врв во свое и во име на албанскиот народ изрази длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешното невреме и искажа подготвеност да помогне во надминување на состојбите.

– Со голема болка и загриженост ги следиме трагичните случувања во Македонија. Подготвени сме за се што можеме, да им помогнеме на нашите браќа, сестри и соседи, напиша албанскиот премиер Еди Рама на својот фејсбук профил.

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета изјави дека со голема загриженост ја следи состојбата во Македонија. – Длабоко сочуство и солидарност до сите погодени од невремето, посебно до семејствата на настраданите, и искрени молитви на толку да остане овој трагичен биланс. Од името на Парламентот до населението во овие подрачја и властите во Македонија, во Скопје и Тетово, искажуваме солидарност и секогаш сме до граѓаните на Македонија, изјави Мета, додавајќи дека Парламентот ќе ја подржи секоја иницијатива на Владата во Тирана за помош.

Сочувство изрази и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

– Искажуваме целосна подготвеност за подршка на централните и локалните власти на Македонија за надминување на тешката ситуација, изјави Бушати.

Тој, како што соопшти, телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Попоски, со вицепремиерот Арбр Адеми, како и со градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица