Албанец од Македонија предводник на групата исламисти уапсени во Мелбурн

Од:

Австралиските медиуми јавуваат дека групата млади исламисти, која беше уапсена додека подготвувала напади околу 25 април, големиот австралиски празник Анзак, вклучувала и најмалку еден етнички Албанец со потекло од Македонија.

Шестчлената исламистичка група беше уапсена во Мелбурн во текот на викендов, по што на јавноста и беше откриено дека тие планирале да нападнат полицаец, да го одземат неговото оружје и да отворат оган кон граѓаните собрани да го прослават денот Анзак.

Оваа година се одбележува стогодишнината од истоварувањето на австралиските и новозеландските војници кај Галиполи во Турција во Првата светска војна, што во овие две земји се празнува како денот Анзак, вообичаено со големи паради и собири на граѓани.

Уапсените се Севдет Рамадан Бесим (18), Линдим Сулејмани (25), Итан Освалд Алмо Круз (19), Харун Чаушевиќ (18), Исмаил Сафи (19) и Мехран Азами (18). Бидејќи се работи главно за одвај полнолетни лица, австралиските власти кријат голем дел од информациите за нив, но за Бесим, кој се смета за водач на групата и е задржан во притвор, е потврдено дека е етнички Албанец. Австралиски медиуми јавуваат дека Бесим пред судот се изјаснил дека е Албанец по потекло од Македонија. Тој е најекспонираниот лик во групата, пред се поради неговата активност на социјалните медиуми, каде освен вообичаените тинејџерски коментари и пишувал милитантни пораки и објавувал фотографии на кои позира пред знамето на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Бесим се поврзал со Нил Пракаш (23), исламистички активист во Мелбурн кој работел на радикализирање и регрутирање на млади муслимани од семејствата на доселеници во Австралија. Пракаш се смета за водечки поттикнувач на исламистичката радикализација во Австралија. Полицијата воедно ги истражува врските на групата осомничени исламисти од Мелбурн со Нуман Хаидер, 18 годишник од Мелбурн кој во септември 2014 година нападна група австралиски полицајци со нож и рани двајца од нив, пред да биде застрелан. Групата предводена од Севдет Бесим биле пријатели со Хаидер, заедно поминувале време во книжарницата Ал Фуркан во сопственост на Босанецот Харун Мехичевиќ, кој продавал исламистичка литература во Мелбурн, и присуствувале на неговиот погреб. Мехичевиќ за австралиските медиуми негира дека придонел кон радикализирањето на групата млади муслимани.

Весникот Ејџ воедно објави дека Бесим бил член на спортски клуб Албански Орли од Мелбурн, чиј сопственик, негов подалечен роднина Џемал Абази, бил истражуван поради анти-еврејски ставови. И Абази негира дека учествувал во радикализирањето на осомничените исламисти.

Австралија се соочи со неколку исламистички напади, од кои најсериозна беше заложничката драма во Сиднеј во декември минатата година, кога ирански исламист држеше група граѓани како заложници во кафуле во центарот на градот цели 16 часа. Нападот заврши со полициска акција во копја беа убиени напаѓачот и двајца заложници

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа