Албанци, Срби и Бугари ќе го полнат Охрид за Нова Година

Од:

Ристо Самарџев, Ѓоко Таневски, групите Камелеон и Аренси Бенд ќе пеат на градскиот плоштад во Охрид, за дочекот на Новата 2013 година.

Изборот падна на домашни изведувачи,со акцент на бендови од Oхрид. Локалната самоуправа одлучи годинава поради економската криза да не се расфрла со пари , поради што за украсување на градот и за дочек да потроши скромни 10.000 евра.

Oд општината најавауваат весела новогодишна забава под отворено небо во Oхрид без разлика на висината на средствата кои ги одвоиле за таа намена. Велат дека пред неколку години на нивна иницијатива се обиделе заедно со хотелиерите и угостителите да обезбедат повеќе пари по примерот на некои од соседните туристички дестинации за што подобар дочек на Нова година, но оти собрале скромни 800 евра, пари кои не биле доволни да се плати озвучувањето, а не пак за нешто друго.

Во Охрид според најавите на хотелиерите за оваа нова година најбројни ќе бидат гостите од соседството од Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Бугарија. Помалите хотелски капацитети се исполнети речиси до последното место, за разлика од поголемите објекти каде исполнетоста е од 50 до 70%.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум