Албанци нападнале малолетник од Тетово

Од:

Вчера во 18 часот во Полициската станица-Тетово, Б.А.(1970) од с.Непроштено-Тетово, пријавил дека истиот ден околу 15,40 часот на фудбалското игралиште во с.Непроштено, неговиот внук К.Т. од Тетово, бил физички нападнат од четири засега непознати лица.

Имено, околу 15 часот внукот заедно со Д.Б.(2002) од с.Непроштено, со неколку другари играле фудбал на селското игралиште, при што дошле четири лица кои говореле на албански јазик и почнале да фрлаат со камења по нив, а потоа физички ги нападнале, по што им нанеле видливи повреди. Истите се префрлени во КЦ-Тетово, каде по укажаната лекарска помош К.Т. е задржан на понатамошно лекување, додека Д.Б. е пуштен на домашно лекување.

СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип