Алармантно загаден воздухот во три града, Министерството не прогласува вонредни мерки поради прогноза за ветер и дожд

Од:

На мерните места за квалитетот на воздухот во Битола 2, Кавадарци и Куманово е надминат прагот на алармирање на ПМ10 суспендирани честички, но нема да стапат во сила краткорочните мерки предвидени за вакви случаи, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според Македонскиот информативен центар за животна средина при Министерството, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на краткорочните мерки.

– При прогласување на надминување на праг на алармирање и стапување на сила на краткорочните мерки согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, се зема предвид и временската прогноза од УХМР за наредните денови, велат од министерството.

Бидејќи согласно временска прогноза на УХМР добиено утрово, пред прогласување на надминување на праг на алармирање, се очекува промена на временските услови – умерен, до засилен ветер и врнежи, не е прогласено стапување во сила на краткорочните мерки, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Гиновска: Сериозна контрола на воздухот, речиси 400 неправилности во 2025

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Голема загаденост во Скопје, посебно во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат

Горан Наумовски