(ВИДЕО) Алаѓозовски: Споменикот на Ќосето доказ во постапка на СЈО

Од:

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека врвен приоритет на Владата останува заштитата на културното наследство, а за останатото се подготвува посебна стратегија.

„Скопје 2014 е вирус кој ние го ставаме во карантин и го замрзнуваме. Во ниту едно министерство не се прави реконструкција на проектот. Се прави темелна анализа на овој проект. Бидејќи се работи за голем број на објекти и споменици, а се измешани надлежности, притоа се појавуваат непознат број на донатори, решивме да постапуваме поединечно кон сите објекти. Еден од првите елаборати, беше за споменикот за Ќосето, но има за Порта Македонија и Воин на коњ. Откако се сменија властите во Центар и Скопје, дојдовме до желба, па имавме координација со нив. Им ги предадовме елаборатите, а им оставивме и прашања кои тие треба да ги погледнат. Треба да истражат во детали, кои дел од постапките и процедурите се прекршени“, вели Алаѓозовски.

Се испитуваат спорноста на идеолошкиот дискурс, но и целовкупното испитување на законите, вели Алаѓозовски, кој смета дека е прекршен Законот за споменични обележја и Законот за урбанистичко планирање.

Според него, препораките се дислокација и остранување на објектите и враќање на првобитна состојба. Постапувањето ќе биде во согласност со надлежните институции, а пак министерот за култура очекува оваа процедура да биде изведена така што нема да има дополнителна штета на буџетот на Република Македонија.

„Ова не смее да создава дополнителни трошоци, имајќи впревид каква е состојбата со буџетот. Препоставувам дека во ситуација каде градот се гуши во прекумерно загадување, ваква акција не би била паметна, затоа што ќе се ослободат многу штетни честички. Го испитуваме подземниот катастар, како и арматурата, за да видиме дали е безбедно да се дислоцира“, додава Алаѓозовски.

Според министерот, доколку споменикот на Ќосето се дислоцира, тоа треба да го донесе советот на град Скопје, односно општината Центар. Тој вели дека треба да се земе в превид и забелешката на СЈО, бидејќи споменикот на Ќосето е доказ во кривична постапка.

Алаѓозовски најави и кривина одговорност кон поеднинечни лица, во врска со проектот „Скопје 2014“.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител